„Брз одговор 25“

На градскиот плоштад во Кавадарци ќе се одржи отворен ден на Армијата

01.06.2025 09:50

На плоштадот ќе бидат изложени оклопни возила, борбени возила, оружје и заштитна опрема која се користи на вежбата на армискиот полигон Криволак...

Во рамки на воената вежба „Брз одговор 25“ во кавадарци ќе има отворен ден за јавноста. На плоштадот ќе бидат изложени оклопни возила, борбени возила, оружје и заштитна опрема која се користи на вежбата на армискиот полигон Криволак.

На вежбата „Брз одговор 25“ има 2.200 припадници на 9 армии, од 7 нато членки и две партнерски држави. Најбројни 950 се од македонската армија, а 710 од националната гарда на американската сојузна држава Вермонт.