Македонија

МТСП со честитка по повод Меѓународниот ден на детето и Меѓународниот ден на згрижувачките семејства

01.06.2025 13:32

Еден од клучните приоритети на Министерството за социјална политика, демографија и млади е унапредување на системот на социјална и детска заштита, со цел секое дете да расте во средина исполнета со љубов, сигурност, поддршка и почит., се вели во честитката Министерството за социјална политика, демографија и млади по повод Меѓународниот ден на детето и Меѓународниот ден на згрижувачките семејства.

Министерството за социјална политика, демографија и млади со честитка по повод 1 јуни – Меѓународен ден на детето и Меѓународен ден на згрижувачките семејства.

Еден од клучните приоритети на  Министерството за социјална политика, демографија и млади е унапредување на системот на социјална и детска заштита, со цел секое дете да расте во средина исполнета со љубов, сигурност, поддршка и почит.

Министерството континуирано инвестира во реформата за заштита на децата, вклучително и зајакнување на системот за поддршка на децата со попреченост, зајакнување на системот на згрижување, и поддршка на семејствата во ризик.

Посветеноста на владата во областа на детската заштита се потврдува и со изработката на националниот акциски план за правата на децата 2025-2029, кој е во завршна фаза на усвојување, наведуваат од министерството за социјална политика, демографија и млади.