Варшава

Претседателски избори во Полска

01.06.2025 14:06

Во Полска речиси 29 милиони граѓани регистрирани за гласање решаваат кој ќе биде новиот претседател на земјата, како и насоката на надворешната политика...

Во Полска речиси 29 милиони граѓани регистрирани за гласање решаваат кој ќе биде новиот претседател на земјата, како и насоката на надворешната политика.

Граѓаните избираат помеѓу либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Цаковски и популистичкиот десничарски кандидат, Карол Навроцки. Избирачките места се отворени до 21 часот, а гласањето во некои земји од дијаспората, вклучувајќи ги и САД, заврши вчера.

Во првиот круг од претседателските избори, либералната, демократска проевропска опција и Цашковски победија со тесно мнозинство од помалку од 1,5 проценти од гласовите.