Бугарски амандман за извештајот за Македонија
Најновиот извештај за Македонија во Европскиот парламент јасно го потенцира вековното постоење на македонскиот народ и јазик, вели премиерот Мицкоски. Според него бугарски европратеник со амандман сака да го промени со внесување „сегашен“ македонски народ. Мицкоски смета дека со ова Бугарија повтори покажува дека не се проблем Бугарите во Македонија, туку да остане асимилацијата на Македонците во Бугарија...

Пред извештајот за Македонија во Европскиот парламент идната недела, првиот човек на Владата е загрижен за амандманот што еден европратеник ќе го поднесе, со кој се негира посебноста на македонскиот народ.
Мицкоски открива дека изминативе месеци работеле со известувачот Томас Вајц во извештајот јасно да се потенцира посебноста на вековниот македонски идентитет и јазик.
Мицкоски смета дека нема потреба од носење на нови резолуции во Собранието по неодамнешната на бугарскиот парламент со кој повторија дека Бугарија останува на ставот дека за отворање поглавја, Македонија мора да се држи до прифатената преговарачка рамка и да ги внесе Бугарите во Уставот и дека се неприфатливи обидите за повторно преговарање, заобиколување или игнорирање на постигнатите договори.
Македонија бара гаранции од ЕУ дека ова ќе бидат последни барања од Софија врз основа на билатерални прашања и дека прифатливи се само уставни промени со одложено дејство.
Ирина Гелевска
