Украина

Зеленски задоволен од акцијата „Пајажина“

02.06.2025 08:31

Изминатиов викенд воените дејствија продолжија. Украина изврши напад врз четири воени бази и оштети 40 руски воени авиони во акцијата „Пајажина“...

Напладне е закажана нова средба на руската и украинската делегација во Истанбул. Целта на состанокот е да се отвори патот за потенцијално примирје.

Изминатиов викенд воените дејствија продолжија. Украина изврши напад врз четири воени бази и оштети 40 руски воени авиони во акцијата „Пајажина“.

„34 проценти од стратешките носачи на крстосувачки ракети стационирани во воздухопловните бази беа погодени. Нашиот персонал работеше низ повеќе руски региони – во три различни временски зони. Навистина е задоволувачки кога нешто што го одобрив пред година и пол ќе се реализира и ќе ги лиши Русите од над 40 единици стратешка авијација. Ќе продолжиме со оваа работа“, Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Украинската безбедносна служба соопшти дека Москва претрпела штета од 7 милијарди долари.