Блиски Исток

Ќе се истражуваат инцидентите на пунктовите

02.06.2025 08:42

Војската објави снимка од дрон за која тврди дека е снимена во јужниот град Кан Јунис, на која се гледаат, вооружени, маскирани мажи како пукаат кон цивили кои се обидуваат да земат помош...

Пораката, следува откако најмалку 30 лица загинаа, а над 170 беа ранети при достава на хуманитарна помош. Војската објави снимка од дрон за која тврди дека е снимена во јужниот град Кан Јунис, на која се гледаат, вооружени, маскирани мажи како пукаат кон цивили кои се обидуваат да земат помош.

„Досега отворивме четири дистрибутивни центри и имаме намера да отвориме уштеХамас прави се што може за да не спречи да го правиме тоа. Шири гласини, лажни вести, се обидува отворено и насилно да ги спречи луѓето од Газа да стигнат до дистрибутивните центри“, изјави Ефи Дефрин, портпарол на израелските одбранбени сили.

Во меѓувреме, Катар и Египет ги интензивираат напорите за посредување за постигнување договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците. Од Хамас велат дека се подготвени за индиректни разговори за решавање на спорните точки околу договорот.

Израелскиот министер за одбрана и нареди на армијата да го продолжи напредувањето во Газа без оглед на преговорите.