Субвенции за осигурување земјоделско производство до крајот на август

15.08.2014 10:42

Крајот на август е последниот рок за пријавување на субвенции за осигурување на земјоделското производство. За премии на располагање стојат 20 милиони денари...

До 31-ви август земјоделците кои сакаат да го осигураат својот род  треба да поднесат барање во подрачната единица на Министерството каде што е регистрирано стопанство.

Субвенцијата е 60 проценти од вредноста на полисата. Максималната површина треба да изнесува 10 хектари за лозови и овошни насади, 2 за градинарски култури и за тутун, 20 за житни и за 100 пчелни семејства.

Корисници можат да бидат земјоделиците кои ги имаат платено финансиските обврски кон Министерството, закупнината за државно земјиште, пашарината и водниот надомест.

Според експертите, осигурувањето и опремата за заштита од неповолни временски услови е единствен начин за квалитетни и сигурни приноси.

 

Методија Трајков