Македонија

Предлози за измени на Изборниот законик со цел воведување на една изборна единица

02.06.2025 09:04

Премиерот Мицкоски на седницата за пратенички прашања потврди дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поддржат Закон за една изборна единица...

Откако на собраниската седница за пратенички прашања во четвртокот премиерот Христијан Мицкоски ја повика опозицијата да поддржи измени на Изборниот законик за една изборна единица, но и да се овозможи и дијаспората да гласа, Либерално-демократската партија и Демократскиот сојуз најавија дека до Собранието ќе достават свои предлози за измени на Изборниот законик со цел воведување на една изборна единица.

Од ЛДП најавија дека денеска ќе поднесат предлог за воведување на една изборна единица, во којшто ќе бидат вклучени и предлозите доставени за независни листи. Демократскиот сојуз, пак, во петокот најави дека во текот на неделава до Парламентот ќе го достави Предлог-законот за измена на Изборниот законик, кој пратениците можат да го дополнат и со забелешките на ОБСЕ и ОДИХР. Поддршка за една изборна единица дадоа и ТПХ и ДОМ.

Премиерот Мицкоски на седницата за пратенички прашања потврди дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поддржат Закон за една изборна единица.

Претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова, денеска во Собранието повторно ќе поднесе предлог закон за воведување на една изборна единица и отворени листи.