Одбрана

Воена вежба „Брз одговор 25“ на Криволак

02.06.2025 09:45

Вежбата е дел од големата мултинационална вежба „Дефендер 2025“, со околу 12.000 војници кои учествуваат во различни земји низ Европа. Целта е да се подобри интероперабилноста меѓу сојузничките и партнерските сили.

На армискиот полигон Криволак се одржува воената вежба „Брз одговор 25“. Учествуваат повеќе од 2.000 војници од државата, САД, Црна Гора, Косово, Австрија, Грција, Албанија, Италија и Обединетото Кралство.

Вежбата е дел од големата мултинационална вежба „Дефендер 2025“, со околу 12.000 војници кои учествуваат во различни земји низ Европа. Целта е да се подобри интероперабилноста меѓу сојузничките и партнерските сили.

Сите единици користат своја формациска опрема, а како позначајни се тенковите „Леопард“, борбените хеликоптери „Апачи“, транспортните медицински хеликоптери „Блек хок“.

Вежбата ја тестира способноста на НАТО да одговори на развојните безбедносни закани, вклучувајќи и кибернапади.