Историски триумф
ПСЖ ја освои Лигата на шампионите со убедливи 5:0 против Интер
01.06.2025 10:29
Со овој триумф, избраниците на Луис Енрике ја комплетираа „тројната круна“ – првенство, Куп и Лига на шампиони.

Пари Сен Жермен е новиот европски шампион, откако во финалето на Лигата на шампионите го совлада Интер со убедливи 5:0 на „Алијанц Арена“ во Минхен.
Францускиот тим доминираше од самиот старт – со голови на Хакими (12'), Ду (20'), втор погодок на Ду, Кварцкелија (73') и тинејџерот Маџулу, ПСЖ стигна до најубедливата победа во историјата на финалните натпревари во ЛШ.
Со овој триумф, избраниците на Луис Енрике ја комплетираа „тројната круна“ – првенство, Куп и Лига на шампиони. Ова е прва титула во ЛШ за ПСЖ и втора во историјата на францускиот фудбал, по успехот на Олимпик Марсеј во 1993 година.