Јанев на конференција на Интерпол во Атина
На маргините на настанот, Јанев оствари билатерална средба со директорот на грчката полиција, Димитриос Малос. Двајцата разговараа за продлабочување на соработката, особено во борбата против организираниот криминал и илегалната миграција.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, учествува на 52-та Европска регионална конференција на Интерпол, што се одржува од 2-ри до 4-ти јуни во Атина. Конференцијата е посветена на борбата против сајбер криминалот и злоупотребата на нови технологии, со фокус на вештачка интелигенција.
На маргините на настанот, Јанев оствари билатерална средба со директорот на грчката полиција, Димитриос Малос. Двајцата разговараа за продлабочување на соработката, особено во борбата против организираниот криминал и илегалната миграција.
Јанев истакна дека македонската полиција е доверлив партнер во заедничката борба против транснационалниот и сајбер криминал, при што ја нагласи потребата од силна меѓународна соработка и активно користење на ресурсите на Интерпол.
