„Мрежа“: Уапсен познат криминалец од Грчец
15.08.2014 10:50
Познат е како предводник на повеќе криминални групи кои оперирале во земјава и надвор од неа. Уапсен е и негов соработник...

Разбиено е дувлото на наркокриминалот во Скопско. Во сеопфатна полициска акција против криминалните групи во Грчец е уапсен озлогласениот Арслан Пода.
Познат е како предводник на повеќе криминални групи кои оперирале во земјава и надвор од неа. Уапсен е и негов соработник. Биле барани и во Чешка и во Словачка, за продажба на дрога, кражби на возила, лихва и киднапирање бизнисмени.
Извршени се претреси во селото Грчец, кое со години важи за упориште на криминални групи кои главно ограбуваат во околината на Ѓорче Петров.
Повеќе детали за акцијата „Мрежа“ полицијата најавија за денеска.
