Над 21.000 сообраќајни прекршоци евидентирани во мај
Полицијата регистрирала 567 случаи на возачи под дејство на алкохол, а 113 возачи поминале на црвено светло. Изречени се и 653 казни за технички неисправни или нерегистрирани возила.

Во текот на месец мај, полицијата евидентирала 21.178 сообраќајни прекршоци низ целата земја. Најголем дел од казните се однесуваат на непрописно паркирање (5.480), пречекорување на брзината (5.458) и управување без возачка дозвола (2.114).
Санкционирани се и 527 пешаци, како и повеќе корисници на електрични тротинети и велосипеди. Казни се изречени и за користење мобилен телефон при возење (775), неносење сигурносен појас (1.203), и управување мотоцикл без кацига (744).
Полицијата регистрирала 567 случаи на возачи под дејство на алкохол, а 113 возачи поминале на црвено светло. Изречени се и 653 казни за технички неисправни или нерегистрирани возила.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата за поголема безбедност на патиштата.
