Здравство

Успешна операција на пациенти со тешка форма на епилепсија на Клиниката за неврохиругија

02.06.2025 12:53

На пациенти со тешка форма на епилепсија, на коишто не им помагале лекови им се подобрила состојбата откако со операција им е вграден стимулатор на Клиниката за неврохирургија. Македонскиот мултидисциплинарен тим од неврохирурзи и невролози предводен од професор Владимир Рендевски, добитници на 2-ра награда на престижниот меѓународен конгрес по невронаука во Хрватска...

На пациенти со тешка форма на епилепсија, на коишто не им помагале лекови им се подобрила состојбата, откако со помош на оперативна процедура им бил вграден Вагус Неврс Стимулатор на Клиниката за неврохирургија. Професорот Рендевски, вели докажавме дека е потребна правилна селекција на пациенти кај коишто треба да се направи оваа интервенција.

Ова е потврдени со клиничко истражување во коешто се опфатени 21 пациент. За достигнувањето тимот од македонски невролози и неврохирурзи е награден на Меѓународен конгрес на невронаука.

Професорот Рендевски вели на Неврохирургија постојано работат на унапредување на третманот и лекувањето на нивните пациенти. Пред шест години имале наградена студија за пациенти со хеморагичен мозочен удар, преку маркери во крив направиле математички модели со кои се предвидува отокот во мозокот кој се јавува кој неколку дена по ударот и претставува глава причина за влошување на состојбата на пациентите.

Студијата ја надградиле врз база на други маркери за предвидување на клиничкиот исход или степен на преживување на пациентите со мозочен удар.

 

Наташа Јанчиќ Менковски