Три нови авиолинии од скопскиот аеродром
Сезонските летови од Скопје до Анкара и до Дијарбакир ќе се одвиваат еднаш неделно, додека летовите на „Аjet“ до аеродромот Чукурова двапати неделно.

Од месецов воведени нови авиолинии од Скопје. Од Меѓународниот аеродром ќе се лета до уште три градови во Турција: Анкара, Чукурова и Дијарбакир.
Сезонските летови од Скопје до Анкара и до Дијарбакир ќе се одвиваат еднаш неделно, додека летовите на „Аjet“ до аеродромот Чукурова двапати неделно.
До сите три дестинации ќе се лета од први јуни до крајот на септември годинава.
„Спојот на двата главни града, Скопје и Анкара, ќе придонесе за зголемена трговска размена, брза бизнис-логистика, лесен пристап до турскиот пазар, туристичка и културна размена, унапредување на политичките и на дипломатските односи“, велат од ТАВ Македонија.
Оваа сезона, четири авиокомпании летаат меѓу Турција и Македонија до вкупно шест града и седум аеродроми.
