Евроинтеграции

Европа има шанса да исправи историска неправда, вели Мицкоски

02.06.2025 15:20

Во среда во Брисел, расправа за извештајот за Македонија, подготвен од известувачот за земјава, Томас Вајц. Со него се потврдуваат македонскиот идентитет и јазик, но, поднесени се и амандмани од бугарски европратеници…

Главната цел на Бугарија е да нè претстави како нова вештачка нација. Не станува збор за неколку стотини граѓани кои во земјава се декларираат како Бугари, туку да се покаже дека ние сме од корените на бугарската нација. Такво нешто нема да дозволам и да прифатам, вели шефот на македонската влада, Христијан Мицкоски.

Очекувам Европа да даде конкретен одговор и да ја исправи историската неправда кон нас, вели Мицкоски, велејќи дека грешката е направена преку Бујар Османи и Ковачевски со прифаќање на Францускиот предлог.

Во среда во Европарламентот, известителот Томас Вајц ќе го презентира извештајот за напредокот на Македонија. Штетите се направени, но бугарската страна е прочитана во намерите. Секој што мисли поинаку е политички аналфабет или свесно ги манипулира граѓаните.

Миле А. Ристески