Архивите на УДБА и КОС достапни за лустраторите

15.08.2014 10:54

Со ова ќе бидат достапни и чувствителните информации за македонските државјани кои биле соработници на овие служби...

Архивата на поранешната Државна безбедност и на Контра- разузнавачката служба во Белград, попознати како УДБА и КОС наскоро ќе биде отворена за домашната Комисија за лустрација.

Со ова ќе бидат достапни и чувствителните информации за македонските државјани кои биле соработници на овие служби. Во фервруари годинава Македонија и Србија ја потпишаа спогодбата за размена и заемна заштита на класифицирани информации.

Српското собрание се уште ја нема ратификувано оваа спогодба која ќе се реализира преку Дирекциите за безбедност на класифицирани информации на двете земји.

Ќе бидат достапни тајни документи од 1945 година наваму.