Граѓаните зависни од цигари
7 од 10 млади во Македонија почнале да пушат пред да наполнат 21 година. Населението во земјава зависно од цигари, се подготвуваат законски измени со затегната регулатива за одвикнување од лошата навика.

Цигарите за некои зависност од која сакаат, а не можат да се откажат, за некои навика, а со појавата на електронските цигари и тренд, особено помеѓу младите. Над 46 од мажите и 27 отсто од жените користат тутун или некаков никотински производ, како и повеќе од 10 отсто од адолесцентите помеѓу 13 и 15 години со што Македонија се вбројува во групата на европски земји со највисоки стапки на пушење.
Здравствените властите најавуваат законски измени со кои ќе се ограничи просторот за пушење цигари за да се поштедат пасивните пушачи и да се намали стапката на пушење.
Во нашата земја се почнува со пушење уште во младоста.
Вознемирувачки е што седум од 10 млади почнале да пушат пред на наполнат 21 година во Македонија. Една петтина се пасивни пушачи. Тие не го уништуваат само сопственото здравје туку и на останатите.
Франција веќе најави забрана за пушење од први јули на сите јавни простори кои ги посетуваат деца: плажи, паркови, автобуски станици, спортски терени, училишни дворови.
Александра Велинова
