Полицијата ја презеде контролата во Фергусон, протестите продолжуваат

15.08.2014 10:59

Случајот со убиеното црномурно момче во американски Фергусон ја крена американската јавност уште еднаш поставувајќи го прашањето за вистинските демократски слободи и права во САД. Вчера при демонстрациите кои траат веќе неколку дена се уапсени и двајца новинари. Полицијата употребува шок бомби...

Државната полиција ја презеде контролата во градот Фергусон, во американската држава Мисури, за да воведе ред по протестите поради смртта на 18-годишниот афроамериканец Мајкл Браун.

Минатата сабота, Браун беше застрелан од полицајците во самоодбрана. Тензиите се се уште големи, па на улиците на Фергусон се распоредени полицајци од специјалната единица.

„Мислам дека е потребна помирна тактика, не мора да носат оружје“.

„Вака жалиме и ја изразуваме лутината.“

„Не протестираат само афроамериканци, има и белци.“

„Луѓето може да викаат, тоа не е нелегално во Америка“, велат демонстрантите.

Американскиот претседател ги осуди нападите врз полицијата во Фергусон, но и прекумерната употреба на сила од страна на полицајците.

„Кажете што имате, но правете го тоа на мирен начин“, рече капетан Рон Џонсон, од државната полиција на Мисури.

Вчера биле уапсени двајца новинари што известувале од демонстрациите. Овој чин го осуди претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ.

 

Ирина Гелевска