Македонија

Вежба „Брз одговор 25“ на Криволак

02.06.2025 18:31

Ден за високи гости на полигонот „Криволак“, каде се одржува големата НАТО – вежба „Брз одговор 25“, со учество на 9 армии и над 2.200 војници. Целта е да се тестира подготвеноста на Алијансата да одговори на безбедносните закани.

Напади од американски борбени хеликоптери „Апачи“ и за првпат на Криволак боено гаѓање од грчки тенкови „Леопард“. Напади со пешадија, и извлекување на повредени со хеликоптери „Блекхок“. Ова е дел од сценариото на вежбата „Брз одговор 25“. Целта на вежбата е проверка на стратегијата за одбрана и одвраќање на НАТО и интероперативноста со партнерите во време на безбедносни предизвици.

Македонија покажува дека е добар сојузник и чувар на стабилноста во регионот и пошироко, оценија од државниот врв кои присуствуваа на денот за високи гости на Криволак.

Вежбата „Брз одговор 25“ е дел од големата НАТО вежба „Дифендер 25“ во Европа.

 

Ирина Гелевска