Свет

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени по Рихтер ја погоди Турција

03.06.2025 08:38

14-годишно момче загина во стампедо, а 69 луѓе се повредени. Властите велат дека повредените во паника скокале од прозорци или балкони. Нема извештаи за поголема материјална штета...

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени по Рихтер го погоди медитеранскиот брег на Турција, градот Мармарис. 14-годишно момче загина во стампедо, а 69 луѓе се повредени. Властите велат дека повредените во паника скокале од прозорци или балкони. Нема извештаи за поголема материјална штета.

Епицентарот на потресот бил во Средоземното Море, а бил почувствуван во соседните региони, вклучувајќи го и грчкиот остров Родос.