ГАЗА

Израел побара евакуација на жителите на Кан Јунис

03.06.2025 08:47

Тел Авив тврди дека ќе оперираат во одредени населби каде што терористичките организации ги продолжуваат активностите...

Израелската војска повика на итна евакуација на жителите на Кан Јунис, град во јужниот дел на Појасот Газа. Тел Авив тврди дека ќе оперираат во одредени населби каде што терористичките организации ги продолжуваат активностите. Обединетите Нации остро ги осудија пријавените убиства и повреди на Палестинците на дистрибутивните центри во Газа.

„Неприфатливо е Палестинците да го ризикуваат својот живот за храна. Генералниот секретар повикува на итна и независна истрага за настаните и бара одговорност за сторителите. Израел има јасна обврска според меѓународното хуманитарно право да се согласи и да олесни хуманитарна помош. Непречениот пристап до помош во голем обем за да се задоволат огромните потреби на луѓето во Газа мора веднаш да се обнови“, изјави Стефан Дујарик, портпарол на ООН.