Фестивал на сирење и вино во Охрид

15.08.2014 11:07

Со ова се промовира македонското вино и сирење, а се внесуваат и новини за привлекување повеќе домашни и странски туристи...

Започнува Фестивалот на сирење и вино во Охрид. Ќе биде отворен вечер на плоштадот „Кушевска Република“ кај Чинарот.

На фестивалот кој ќе трае два дена, ќе учествуваат 20 излагачи кои своите производи ќе ги нудат од 17 до 24 часот. Со ова се промовира македонското вино и сирење, а се внесуваат и новини за привлекување повеќе домашни и странски туристи.

Покрај излагачите од Југозападна Македонија, овој пат ќе има и производители од Корча, Албанија, велат во Секторот за туризам во Охрид.