Филхармонија

Концерт со учениците и студентите од државните училишта и факултети

03.06.2025 09:56

„Младите доаѓаат и звукот на идната генерација“ е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток, со почеток во 20 часот. Ова е традиционален концерт на оркестарот на Македонската филхармонија со учениците и студентите од државните музички училишта и факултети...

„Младите доаѓаат и звукот на идната генерација“ е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток, со почеток во 20 часот. Ова е традиционален концерт на оркестарот на Македонската филхармонија со учениците и студентите од државните музички училишта и факултети. Диригент е маестро Борјан Цанев, а на програмата се дела од  А.Марчело, Е. Бара. Ф.А. Хофмастер, К.М. Вебер, Ф.Лехар, К.Дитерсдорф, Г.Хуе, Х.Виењавски, Д.Мијо, В.А. Моцарт, Ф.Менделсон, Сен-Санс, В.Зубицки и Д.Шостакович.

Како солисти ќе настапат: Стефан Трајановски – саксофон, Бојан Крстевски – кларинет, Ангела Влинтовска – виола, Боjан Наумовски – кларинет, Деница Дена Стоjаноска – соло пеење, Огнен Златанов  -контрабас, Магдалена Ковилоска – флејта, Божана Гошева – виолина,  Бојан Анакијевски – удирачки инструменти, Давид Петрушев – кларинет, Ѓорѓи Димовски и Григори Ангелов – саксофон, Боjана Митковска – виолина,  Филип Петрески – хармоника и Милица Станковиќ –  пиjано.

Со настапите дома и во странство, а особено со последните гостувања со Краковската, Северночешката, Софиската и Македонската филхармонија, Борјан Цанев останува еден од најбараните диригенти во Македонија и во поширокиот регион.