МЗТ Скопје по 12-ти пат е шампион на Македонија

03.06.2025 10:13

Најефикасен во победничкиот состав беше Војдан Стојановски со 17 поени, додека Дион Едвин постигна 13, а Дамјан Стојановски и Бојан Крстевски придонесоа со по 11 поени. Во редовите на ТФТ се истакнаа Гринли и Зафиров, исто така со по 11 поени.

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром ја освои својата дванаесетта шампионска титула во Првата македонска кошаркарска лига, откако во четвртиот натпревар од финалната серија го совлада тимот на ТФТ со убедливи 77:53.

Со оваа победа, „металците“ ја завршија серијата со резултат 3:1 и уште еднаш го потврдија своето доминантно место на македонската кошаркарска сцена.

Најефикасен во победничкиот состав беше Војдан Стојановски со 17 поени, додека Дион Едвин постигна 13, а Дамјан Стојановски и Бојан Крстевски придонесоа со по 11 поени. Во редовите на ТФТ се истакнаа Гринли и Зафиров, исто така со по 11 поени.

За најкорисен играч (МВП) на финалната серија беше прогласен Американецот Дион Едвин, кој одигра клучна улога во шампионската кампања на МЗТ Скопје. На последниот натпревар од серијата, Едвин забележа 15 поени, пет скокови, четири асистенции и три украдени топки, потврдувајќи го својот статус како едно од највредните засилувања оваа сезона.