„Техникал текстајлс“ во Штип за почеток ќе отвори 600 работни места
Изградбата на фабриката од 9.000 метри квдратни најверојатно ќе започне идниот месец, а ќе ја гради македонска компанија. Производството се планира да започне во мај следната година...

Германската компанија „Техникал текстајлс“ ќе инвестира 12 милиони евра и за почеток ќе вработи 500 до 600 лица во фабриката што ќе се гради во ТИРЗ Штип.
Изградбата на фабриката од 9.000 метри квдратни најверојатно ќе започне идниот месец, а ќе ја гради македонска компанија. Производството се планира да започне во мај следната година.
Сопственикот Џенс Ванланд, на денешната прес конференција изјави дека за почеток ќе бидат вработени 500 до 600 лица кои веднаш, по изборот во октомври-ноември, ќе се испратат на обука во Словачка. Доколку фабриката работи добро, бројката ќе достигне преку 1.000.
Фабриката произведува изолациони материјали за градежната, автомобилската и авионската индустрија.
