Свет
Падна владата на Холандија
03.06.2025 12:04
Лидерот на крајната десница Герт Вилдерс излезе од владејачката коалиција обвинувајќи дека партнерите не биле расположени да ги прифатат неговите идеи за запирање на илегалната миграција...

Падна холандската влада. Лидерот на крајната десница Герт Вилдерс излезе од владејачката коалиција обвинувајќи дека партнерите не биле расположени да ги прифатат неговите идеи за запирање на илегалната миграција. Потегот става крај на кревката коалиција, која не успеа да постигне консензус по ниедно прашање откако беше формирана во јули минатата година.
Се очекува нови избори да бидат закажани за неколку месеци, а Холандија ќе има привремена влада во пресрет на самитот на НАТО во Хаг, на кој ќе се расправа за зголемување на трошоците за одбраната.
