Од 10 на 5 проценти, се менува прагот на репрезентативност на синдикатите
Ќе се менува прагот на репрезентативноста на синдикатите. Се отвора можноста поголем дел од синдикалните организации да учествуваат во економско-социјалниот дијалог. За законските измени синдикалните лидери на средба во собраниската Комисија за труд и социјална политика. Од ССМ немаше претставник …

Ќе се менува прагот за репрезентативност на синдикатите од 10 на 5 проценти. Откако пратениците од Комисијата за труд и социјална политика се сретнаа со синдикалните лидери на неколку организации ќе поднесат предлог за измени во Законот за работни односи. Според претседателот на Конфедерацијата на синдикалните организации, Ристески смета со ова голем дел од синдикатите ќе можат да учествуват во економско-социјалниот дијалог. Се надева дека ќе има и други измени.
Заради можноста која ќе се отвори со овие измени, задоволни се и другите синдикати присутни на работната средба.
Пратениците кои ќе ги предложат овие измени, велат дека добро би било и ССМ да била присутна на состанокот бидејќи имало покана и до тој синдикат.
Стојаноски уверува дека овие измени ќе се носат во скратена постапка и сметаат дека со тоа ќе се демократизира синдикалното дејствување.
Фиљана Кока
