Во Гвинеја демолирана населба за да се спречи ширењето на еболата
15.08.2014 11:47
Претседателот Алфа Конде кој што во средата прогласи вонредна здравствена состојба, порача дека чистотата е клучна во борбата со смртносниот вирус...

Безбедносните сили демолираа импровизирана населба во гвинејската престолнина во обидите да го спречат ширењето на еболата.
Претседателот Алфа Конде кој што во средата прогласи вонредна здравствена состојба, порача дека чистотата е клучна во борбата со смртносниот вирус.
Затоа меѓудругите, беше демолирана и оваа импровизирана населба, која што важи за една од највалканите во западна Африка.
Тоа се должи пред се на отсуството на образование кај жителите и политичките поделби кој што резултираат со фрлање на отпадоците на улица.
Западна Африка и натаму ја губи битката со еболата.
