Собрание

Законско решение за заштита на просторот околу Собранието

03.06.2025 17:07

Предлог- законот за прогласување на просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона, кој се разгледува во скратена постапка, е потпишан лично од претседателот на Собранието...

Доста дилеми во јавноста предизвика идејата по законски пат да се уреди безбедносната зона околу Собранието. Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, велат дека не станува збор за ограничувањето на правото на граѓаните за јавни собири или пак забрана за протести пред законодавниот дом.

Целта е според нив околу периметарот на просторот околу законодавниот дом да се спречи приватни субјекти да градат објекти кои би ја загрозиле безбедноста на овој важна државна институција. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски нагласи дека целта на законското решение е начин за да се обележи целиот простор којшто треба да постои околу Собранието, за да го има во своја сопственост за да може сам да ги реализира проектите кои се предвидени таму.

И координаторот на СДСМ, Оливер Спасовски истакна дека целта е да се заштити просторот околу Собрание кој во минатото беше злоупотребена од една приватна компанија, која само на 2, 5 метри до Собранието се обидуваше да изгради катна гаража.

Предлогот на закон за прогласување на просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона, кој се разгледува во скратена постапка, е потпишан лично од претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со колегата од „Вреди“, Беким Ќоку. Е поддржан и од претставници на „Левица“ и „Знам“.

 

Игор Панов