Раст на БДП во последните три квартали
Премиерот Мицкоски нагласи дека овој раст не е само бројка, туку заслуга на кадарот што решил да остане во земјава и да се бори со сите предизвици...

Растот на БДП во последните три квартали од 3 и над 3 насто ја позиционира македонската економија на четврто место позади Ирска, Данска и Полска, според Еуростат.
Премиерот Мицкоски нагласи дека овој раст не е само бројка, туку заслуга на кадарот што решил да остане во земјава и да се бори со сите предизвици: креативни млади, стручни инженери, земјоделци кои се борат со климатските промени и не се предаваат, ИТ-иноватори, жени претприемачки, но и реформите даваат резултати. Просекот на БДП во Еврозоната е 1,4 насто.
Сепак и натаму остануваме увозно-зависна земја. Според премиерот, успех е што таа увозна зависност е три пати намалена.
Остануваат предизвиците за подобрување на продуктивноста и намалување на невработеноста, многу млади чекаат шанса, а институции треба целосно да им се вратат на граѓаните. Премиерот решението го гледа во инвестициите, иновациите, енергетиката, инфраструктурата.
Александра Велинова
