Истрага за трагедијата во Кочани

Тошковски: Политички се прават обиди за манипулација на родителите на загинатите

03.06.2025 15:47

Министерот за внатрешни Тошковски уверен дека истрагата која ја води Јавното обвинителство ќе ги даде сите одговори за трагедијата во Кочани. Обвинува дека политички лешинари се обидуваат свесно да манипулираат со родителите на жртвите, но и со целокупната македонската јавност …

Истрагата за Кочани треба да даде одговори на сите прашања на родителите и на македонската јавност. Министерот за внатрешни Тошковски уверува оти Јавното обвинителство ќе ја изнесе на виделина правдата за пожарот во дискотеката „Пулс“. Обвинува – политички се прават обиди за манипулација на родителите на загинатите.

СДСМ прашува зошто и по три месеци нема актуелен функционер меѓу обвинетите и дали власта ја штити Кристина Јованова, главна инспекторка за економски криминал во ОВР Кочани. Според опозициската партија таа морала да знае дека во дискотеката се случува економски криминал и не ја казнила компанијата во сопственост на газдата на „Пулс“.

ВМРО-ДПМНЕ возврати – СДСМ нека ги провери сопствените траги пред да покажува со прст – институциите како никогаш претходно темелно постапуваат по трагедијата во Кочани.

Викторија Милевска