Временска прогноза

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

04.06.2025 08:02

Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.