Скопје
Граѓаните се жалат дека долго чекаат автобуси
04.06.2025 08:11
Бидејќи две годишниот договор на приватните превозници истече на крајот на мај, се претпоставува дека тој не е продолжен, па приватните превозници се исклучиле од сообраќај...

Скопјани повторно долго чекаат на автобуските постојки, некои од нив и по неколку часа. Бидејќи две годишниот договор на приватните превозници истече на крајот на мај, се претпоставува дека тој не е продолжен, па приватните превозници се исклучиле од сообраќај.
Засега нема никакви објаснувања од Градот Скопје за причината за недостигот на автобуси во јавниот превоз.
