Турската полиција апси синови на министри
Турската полиција уапси синови на тројца министри поради истрага за подмитување поврзано со јавни набавки, пишува турскиот печат. Во акцијата во Истанбул се приведени најмалку 37 лица, меѓу кои и познати бизнисмени. Под истрага е и седиштето на државната Халкбанка во Анкара. Приведен е и генералниот директор на Халкбанка, како и турскиот градежен тајкун Али Агаоглу. Електронската страница на весникот „Хуриет“ известува дека се уапсени синовите на министрите за внатрешни работи, на економија и на животна средина и градско планирање.

Турската полиција уапси синови на тројца министри поради истрага за подмитување поврзано со јавни набавки, пишува турскиот печат. Во акцијата во Истанбул се приведени најмалку 37 лица, меѓу кои и познати бизнисмени. Под истрага е и седиштето на државната Халкбанка во Анкара. Приведен е и генералниот директор на Халкбанка, како и турскиот градежен тајкун Али Агаоглу. Електронската страница на весникот „Хуриет“ известува дека се уапсени синовите на министрите за внатрешни работи, на економија и на животна средина и градско планирање. Министерот за внатрешни ја откажа планираната посета на Софија каде што требаше да потпише договор за изградба на заеднички граничен премин меѓу Грција, Бугарија и Турција. Локалните медиуми пишуваат дека приведените лица биле под едногодишен надзор на полицијата. Заменик-обвинител на Истанбул ја водел операцијата во која е утврдено дека за пари се делеле градежни дозволи.
