МРТ доби благодарница за одличната соработка со Министерството за одбрана и АРМ

15.08.2014 12:35

Во кругот на Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана денеска се одржа свеченост за одбележување на Денот на Армијата на Република Македонија - 18 август...

За одличната соработка со Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, Македонската радиотелевизија денеска доби благодарница од началникот на Генралштабот, генерал- потполковник Горанчо Котески.

Во кругот на Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана денеска се одржа свеченост за одбележување на Денот на Армијата на Република Македонија - 18 август.

На свеченоста беа доделени неколку унапредувања, а пред споменикот на загинатите бранители цвеќиња положија делегации на Министерството за одбрана, на Генералштабот и семејствата на загинатите.