воен конфликт

Русија и Украина продолжуваат со меѓусебни напади

04.06.2025 08:59

Зеленски повторно ја нагласи потребата од засилени санкции врз Москва за да се принуди кон мир...

Русија и Украина продолжуваат со меѓусебни напади. Зеленски повторно ја нагласи потребата од засилени санкции врз Москва за да се принуди кон мир. Вели дека Русија мора да почне да ги чувствува реалните трошоци за својата агресија.

„Јасната решеност на Русија да продолжи со војната – демонстрирана и со напади и со изјави – е силен аргумент за нови санкции. Путин не го менува однесувањето бидејќи нема последици за неговите постапки. Русија мора да почувствува што е војна и да претрпи загуби“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Во истовреме, руските власти соопштија дека Кримскиот мост е повторно во функција по украинскиот напад со подводни експлозиви. Кина го повика Киев да се воздржи од напади врз цивилни цели.