Трамп потпиша извршна наредба за зголемување на увозните тарифи
Трамп потпиша извршна наредба за зголемување на увозните тарифи, со цел заштита на домашната индустрија...

САД ги дуплираат царините на челик и алуминиум на 50 насто. Трамп потпиша извршна наредба за зголемување на увозните тарифи, со цел заштита на домашната индустрија. Велика Британија е изземена од мерката поради тековните трговски преговори-соопшти Трамп. Во истовреме Вашингтон потврди дека испратиле писма до трговските партнери со барање да достават најдобра понуда пред истекот на денешниот рок за царини.
„Трамп беше многу директен кон нашите трговски партнери дека треба да склучат договори со САД. Цврсто верува во царинската агенда и не се плаши да ги користи за да ги заштити нашите индустрии и работници, но сака да види договори по мерка“, изјави Каролин Ливит, портпаролка на Белата куќа.
ЕУ предупреди на можни забрзани одмаздничките мерки ако Трамп ги спроведе царинските закани. Во Париз денеска средба меѓу европскиот шеф за трговија Марош Шефчовиќ и американскиот претставник Џејмисон Грир, додека ЕУ и САД во Вашингтон ги продолжуваат трговските разговори.
