Левичарот Ли Џе-Мјунг е нов претседател на Јужна Кореја
Победи со речиси три милиони гласови предност пред ривалот Ким Мун-су од владејачката Партија на народната моќ...

Ли Џе-Мјунг, опозицискиот левичарски кандидат е новиот претседател на Јужна Кореја. Победи со речиси три милиони гласови предност пред ривалот Ким Мун-су од владејачката Партија на народната моќ. Веднаш положи заклетва и ја презеде функцијата, со цел да ја стабилизира земјата по политичката и економска криза.
„Сите ние сме партнери во земјата кои треба да се почитуваме едни со други и да живееме заедно. Не смееме да дозволиме да се појават поделби, омраза или антагонизам при првиот знак на несогласување. Ајде да продолжиме напред заедно, рака под рака“, изјави Ли Џе-Мјунг, нов претседател на Јужна Кореја.
Предвремените избори доаѓаат шест месеци откако претходниот лидер на земјата Сук Јеол прогласи воена состојба втурнувајќи ја земјата во хаос по што беше отстранет од функцијата.
