Македонија

Собранието ќе ја продолжи 51-та седница

04.06.2025 09:00

За законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона, пратеникот Никола Мицески, во образложение на предлогот, вчера при утвртдување на дневниот ред на пленарната седница рече дека по подолг временски период и консултација со работната група, заедно со сите координатори на пратенички групи консензуално се договориле за поднесување на ова законско решение по скратена постапка.

Собранието денеска ќе ја продолжи 51-та седница на која меѓу точките на дневен ред се Предлог на закон за прогласување на Просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона, по скратена постапка – Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година.

За законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона, пратеникот Никола Мицески, во образложение на предлогот, вчера при утвртдување на дневниот ред на пленарната седница рече дека по подолг временски период и консултација со работната група, заедно со сите координатори на пратенички групи консензуално се договориле за поднесување на ова законско решение по скратена постапка.

Во Извештајот за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година, објавен на собраниската веб-страна се посочува дека во текот на 2024 година, Советот во рамки на 39-те одржани седници извршила избор на судии и претседатели на судови, избор и разрешување на судии поротници, констатирал престанок на судиската функција, утврди нестручно и несовесно вршење на судиската функција со изрекување на дисциплински мерки, ги разгледал и оценил тримесечните и годишните извештаи за работа на судовите, донел одлуки за времено упатување на судии од еден во друг суд, извршил работни посети во судовите со цел констатирање на одредени состојби и вршел и други работи во рамки на својата надлежност утврдени со закон.

На оваа седница треба да се разгледаат и Предлог на законот за ратификација на Договорот за Централноевропската програма за размена на универзитетски студии (ЦЕЕПУС IV), Предлог на законот за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност во прво читање, Предлог на законот за изменување на Законот за приватните агенции за вработување во прво читање и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавно здравје во прво читање.