Инзаги заминува од Интер, се сели во Ал Хилал

04.06.2025 09:22

Саудискиот Ал Хилал му понудил договор вреден над 20 милиони евра годишно.

По поразот од ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите, Симоне Инзаги им соопштил на челниците на Интер дека си заминува од клубот, јавуваат италијанските медиуми.

Саудискиот Ал Хилал му понудил договор вреден над 20 милиони евра годишно.

Инзаги минатата сезона ја освои Серија А со Интер, а претходно стигна до финалето во Лигата на шампионите.

Како можен наследник во Интер се споменува Цеск Фабрегас, кој имаше успешна сезона со Комо.