24-то издание на ОФФест со уметници од осум земји
Фестивалската програма вклучува девет концерти и една специјална филмска проекција, со учество на музичари и состави од осум различни земји. Организаторите најавуваат исклучително квалитетна селекција, со богат спектар на музички стилови и култури.

Од утре до недела (5–8 јуни), Скопје ќе биде домаќин на 24-то издание на ОФФест, кое ќе се одржи во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар.
Фестивалската програма вклучува девет концерти и една специјална филмска проекција, со учество на музичари и состави од осум различни земји. Организаторите најавуваат исклучително квалитетна селекција, со богат спектар на музички стилови и култури.
„Високото реноме на артистите ја прави селекцијата на ОФФест 2025 една од најквалитетните во изминатиот период, а спектарот на стилови, „географското потекло“ на уметниците и шареноликите музички правци, несомнено ќе им приредат несекојдневно и незаборавно концертно искуство на посетителите“, велат организаторите.
ОФФест и оваа година го потврдува својот статус како еден од водечките музички фестивали во Европа, а следната година ќе го одбележи јубилејното 25-то издание.
