Котески: АРМ е значаен фактор за безбедноста и глобалниот мир
И покрај реалните тешкотии и како што рече, политичите блокади, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал Котески констатира дека Армијата е значаен фактор во придонесот на безбедноста и глобалниот мир. АРМ ги постигна стандардите, а НАТО и земјите членки треба тоа да го валоризираат...

Началникот на Генералштабот, генерал Котески од припадниците на Армијата побара да се раководат од интересите на АРМ и на државата, бидејќи само тие може да не одведат до успехот, стабилноста и просперитетот. Армијата даде максимум за НАТО, ги постигна стандардите и активно придонесува во мировните операции.
„Ги поддржуваме, соработуваме, станавме препознатлив партнер со голем број признанија и искуство. Но, дали сето ова е доволно во однос на нашата силна заложба и посветеност да бидеме дел од семејството на НАТО. Очекувам дека нашите пријатели и партнери од земјите- членки на НАТО ќе го разберат ова чувство на неправда кон припадниците на АРМ“, рече во својот говор генерал-потполковник Горанчо Котески, началник на ГШ на АРМ.
За ефикасен одбранбен систем се потребни повеќе финансиски средства, кои во изминативе години се намалени. Изготвен е предлог план за модернизација на Армијата, за што Котески очекува поддршка од Претседателот и од Владата.
И покрај реалните потешкотии предизцикани од економската криза и како што вели политичките блокади, началникот на ГШ, генерал Котести, констатира дека Армијата и понатаму останува значаен фактор во обезбедувањето на глобалниот мир и безбедноста.
Пред споменикот на загинатите бранители цвеќиња положија делегации на Министерството за одбрана, на Генералштабот и семејствата на загинатите. На свеченоста беа доделени неколку унапредувања, а МРТ доби благодарница за одличната соработка со Министерството за одбрана и Армијата.
Милчо Велески
