МВР

Средба на раководствата на полициите од Скопје и Сараево

04.06.2025 10:18

Раководството на СВР Скопје предводено од началникот Сашо Топаловски оствари работна средба со делегација од Министерството за внатрешни работи на Босна и Херцеговина предводена од министерот за кантон Сараево, Адмир Катица.

Вчера раководството на СВР Скопје предводено од началникот Сашо Топаловски оствари работна средба со делегација од Министерството за внатрешни работи на Босна и Херцеговина предводена од министерот за кантон Сараево, Адмир Катица.

На средбата беше разговарано за безбедносните предизвици и ризици, како и за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат Скопје и Сараево како главни градови. Воедно на средбата беше договорена и понатамошна соработка во делот на размена на информации, стратегии и идеи кои ќе значат поголема мобилност и професионалност на полициските службеници.

На средбата од страна на двете делегации беше потенцирана и соработката во иднина помеѓу полициите на двата града.