Кривична пријава за убиецот од Вевчани
Испукал седум куршуми кон една од масите каде седеле четири лица. Двајца од нив, Владо и Мате починаа, а другите двајца се здобиле со телесно повреди и се надвор од опасност...

Здравко Србакоски заработи кривична пријава за убиство и 30 дневен притвор. Србакоски кривичното дело го сторил на 13-ти овој месец, во 21 часот и 30 минути во кафетеријата „Пјаца“ во Вевчани.
Испукал седум куршуми кон една од масите каде седеле четири лица. Двајца од нив, Владо и Мате починаа, а другите двајца се здобиле со телесно повреди и се надвор од опасност.
Откако го извршил криминалниот чин, Србакоски заминал во неговиот дом каде по кратко време е приведен и лишен од слобода.
Во неговиот дом, полицијата го пронајде огненото оружје-пиштол, кој легално го поседувал, а пронашле и повеќе парчиња пиштолска муниција ловечки нож.
Предметите биле предадени на вештачење во МВР.
Наташа Гркова- Петрушевска
