„Техникал текстил“ ќе гради фабрика во Штип- за три години планира 1.000 вработувања
Во септември, германската фирма „Техникал текстил“ во инустриската зона во Штип започнува со градба на фабрика за производство на микрофибер стакло. Утре германците ќе одлучат која фирма ќа ја гради фабриката, која што од мај 2015-та ќе стартува со работа...

Домашна фирма ќе ја гради новата фабрика на „Техникал текстил“ во зоната во Штип. Стартот со производство на микрофибер стакло закажан за мај в година. Новиот германски инвеститор ќе донесе над 600 вработувања.
„Годинава ќе инвестираме 12 милиони евра, а идната година уште 8 милиони. Гледаме добра перпектива во оваа инвестиција. Привично ќе вработиме од 500- 600 луѓе, а за три години планираме 1.000 вработувања“, изјави сопственикот Џенс Ванланд.
Наскоро со изградба на своите капацитети почнува и италијанскиот „Дијатек“, специјализирана за дигитално печатење, германски „ОДВ Електрик“ во Охрид кој веќе прати групи работници на обуки во Украина, како и текстилниот комплекс на „Веибо“ во Ранковце. Планираните 15 слободни зони ќе овозможат балансиран економски развој и нови работни места – појаснува Мизо. Ефектите, вели, се веќе видливи.
„Оној тренд на зголемување на извозот месец за месец продолжува. Очекуваме да ги сумираме резултатите на крајот на третиот квартал за да имаме еден добар пресек како првите три квартали од оваа година се споредуваат со првите три квартали минатата година, но сигурно извозот ќе биде над една милијарда евра и ќе имаме драстично зголемување на она што беше од минатата година“, рече директорот на ДТИРЗ, Виктор Мизо.
За забелешките дека со 10 годишното даночно ослободување на странските фирми трпи државната каса, Мизо вели, не можете да се откажете од нешто што го немате, а што се однесува до платите на вработените, ние вели, Македонија не ја нудиме како земја со евтина работна сила.
Вредноста на трудот ја утврдуваат странските компании. Тие во пресметките земаат повеќе фактори меѓу кои и условите во земјите од регионот и врз основа на тоа ги прават и калкулациите.
„Техникал текстил“ најавува, доколку е задоволен од резултатите што ќе ги постигне фабриката за фибер- стакло, дека ќе бидат еден вид лобисти за Македонија и другите фирми со кои во моментот соработуваат ќе ги донесат во земјава.
Виолета Димовска
