Вицепремиерот Стоилковиќ во радовишко Бучим меѓу децата од турската заедница
Вицепремиерот и министер за односи во заедницата Иван Стоилковиќ ќе се залага да се реши проблемот со недостаток на училници во радовишко Бучим. Таму 40 деца настава следат во мини училници. Вицепремиерот заедно со турскиот амбасадор ги посетија Бучим каде има деца и ученици ама фалат услови за настава.

Веднаш зад рудникот Бучим кај Радовиш, длабоко во пазувите на Плачковица се наоѓа истоименото село. Таму постојано се слуша детски џагор посебно во училишната зграда од 100 квадратни метри – каде се бара училница повеќе.
Збиени во клупа до клупа, учениците од прво до петто одделение од Бучим ги слушаа последните часови од оваа учебна година. Нив ги посети вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ. Кажа дека се потребни подобри услови за настава.
За подобрување на условите за настава во селото Бучим ќе се залага и амбасадорот на Туркие во земјава Фатих Улусој.
Во Бучим има 120 домаќинства. Брои околу 600 жители од кои 100 се ученици од прво до деветто одделение но најмалите учат во родното село каде фалат нови училници.
Ване Трајков
