Голема победа на македонската дипломатија, по одложеното гласање на извештајот за земјава
Ова е победа на дипломатијата, сметаат домашните експерти. Патот до Европската унија не е лесен, но е единствен, децидни се владините претставници …

Голема победа на македонската дипломатија-вака ја коментираат наши поранешни и сегашни политичари, реакцијата на бугарските европратеници за извештајот на ЕУ за напредокот на земјава. Велат, излезе на виделина вистинскиот став на Бугарија дека за нив спорни се македонскиот идентитет и јазик. Претходно, премиерот најави дека на четири места во извештајот ќе бидат признати македонскиот идентитет и македонскиот јазик.
Планот за раст е инструмент за забрзување на евроинтегративниот процес преку регионално економско поврзување на земјите од Западен Балкан. Има напредок во дигиталната и енергетската транзиција, инфраструктурата, но остануваат како предизвици владеењето на правото и човечкиот капитал.
Нема раст и напредок без безбедност и сигурност, порача полскиот амбасадор, и вели дека е потребно час поскоро за да се заокружи евроинтегративниот процес.
Македонија ќе биде домаќин на Самитот на лидери од Западен Балкан кон крајот на месецов кога ќе биде презентиран новиот План за раст.
Со Планот за раст се планирани 6 милијарди евра за земјите од Западен Балкан, од нив 750 милиони евра се за Македонија, а 52 милиони евра е првата транша.
Александра Велинова
