Во Европскиот парламент одложено гласањето за извештајот за Македонија
Одложено гласањето за извештајот за Македонија во Европскиот парламент. Жестока дебата во Комитетот за надворешни работи по барањето на известителот за Македонија, Томас Вајц, гласањето да биде за дваесетина дена поради притисоци од бугарските европратеници...

По барање на известувачот за Македонија Томас Вајц, комитетот за надворешна политика го одложи разгледувањето и гласањето на извештајот за земјава по 24 јуни.
Со ова австрискиот европратеник одговори на притисоците на бугарските колеги дека имал заткулисни разговори со надворешни фактори од Македонија кои влијаеле на неговите ставови за извештајот. Апсолутно јас и тимот кој го работевме документот стоиме на кажаното, ова не е обиде да се решат билатералните прашања помеѓу Скопје и Софија дециден е Вајц.
Бугарските европратеници ликуваа на одлуката да се одложи гласањето и за предлог извештајот за земјава. Ивајло Валчев од има таков народ ја нарече одлуката мудра, одговорна и навремена. Од друга страна романскиот европратеник Дан Барна и шпанскиот Санчез Амор со пофални зборови за работата на Вајц и извештајот, осуда за навредите и црната кампања кон нивниот колега.
На основниот предложен текст на извештајот доставени беа 313 амандмани најмногу од грчките и бугарските европратеници. Посебно внимание привлекоа измените за македонскиот јазик и идентитет. Предлогот на еден бугарски пратеник идентитетот да биде сегашен ги разгоре тензиите со земјава. Државниот врв остро се спротивстави на како што велат обидите Македонија да се претстави како бугарска творба.
Викторија Милевска
