В понеделник дебата за нов министер за здравство
Народните избраници в понеделник ќе гласаат за нов министер за здравство и за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Владата предлага Азир Алиу да биде на чело на здравство, додека Албрим Хоџа за заменик во земјоделие...

Народните избраници в понеделник ќе гласаат за нов министер за здравство и за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Владата предлага Азир Алиу да биде на чело на здравство, додека Албрим Хоџа за заменик во земјоделие. Алиу доаѓа од редовите на Алијансата за Албанците, партија која остана дел од коалицијата „Вреди“, и е поранешен министер за информатичко општество и администрација. Неговата кандидатура доаѓа по оставката на Арбен Таравари, кој на 15-ти мај објави дека се повлекува од Владата и преминува во опозиција.
Со изгласување на предлозите, собранието ќе ја комплетира празнината во ресорите на здравството и земјоделството.
